User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Фотографи

Жанета Вангели

Жанета Вангели е родена во Битола во 1963 година. Дипломирала на Државниот Факултет за ликовни уметности – Штеделшуле, во Франкфурт/М. во 1988 година. Живее и работи во Скопје. Таа е мултимедијален уметник, активна во областа на сликарството, фотографијата, видеото и филмот.

Љупчо Илиевски

Љупчо  Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација  фотографи,кој негува  специфичен, уметнички стил  и силен авторски печат. Засега,е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија  Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија `National Geographic`.


Линда Адел Гудајн

Линда Адел Гудајн е професор по фотографија на Факултетот за уметност и дизајн `Херон` во рамките на Универзитетот Индијана во САД. Дипломирала на интердисциплинарните студии по англиска книжевност, ликовна уметност и економија на Универзитетот `Рочестер`, Њујорк, а магистрирала во областа на ликовната уметност како и во областа на комуникативните уметности (видео и теории на невербална комуникација).


Syndicate content
  • English
  • Македонски