Археолошки локалитети, Исламска архитектура, Македонски градови, Природни убавини, Села и традиција, Традиционална архитектура, Цркви и манастири
Мавровско Езеро
Мавровското Езеро се наоѓа во северозападниот дел на Р. Македонија. Се наоѓа на 1200м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина.
Исак Џамија – Битола
Исак Челеби Ибн Иса џамија е изградена во 1506 год. и таа е една од најстарите зачувани џамии во Битола. Наспроти Саат Кулата, и Големиот Безистен, оваа џамија чиј минарет е висок околу 50 метри, едноставно доминира во просторот. Оваа џамија била само дел од големиот вакаф на ктиторот кој освен оваа џамија изградил и медреса, мектеб, 103 дуќани, лозја, 20 воденици и многу други објекти. Целокупниот овој имот требало да биде издржуван од приходите од неговите дуќани во чаршијата, но и од приходите од останатите делови од неговиот имот.
Дојранско Езеро
Дојранското езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. На север басенот на езерото е зграден со Беласица и Боска Планина. Дојранското езеро зафаќа површина од 43,1 км2 од кои 27,3 км2 и припаѓаат на Македонија, а 15,8 км2 на Грција. Тоа е најмало од котлинските езера во Македонија со максимална длабочина од 10 метри. Дојранското езеро е најтопло езеро. Високите температури на воздухот и на водата се условени од близината на Егејското Море.
Скопски аквадукт
Скопскиот аквадукт се претпоставува дека го изградил Јустинијан I во период од 527 - 554 година, па поради тоа се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Постојат и претпоставки дека тој е изграден во 16 век за време на отоманската империја. Аквадуктот се наоѓа северно од центарот на град Скопје на одалеченост 3 км воздушна линија од плоштадот Македонија, односно 5-6 км по земјен пат.
Пештера Пешна, Македонски Брод
Пештерата Пешна, која се наоѓа на 6 километри од Македонски Брод е една од најатрактивните природни убавини кои за жал не се откриени и многу познати не само пред граѓаните на светот туку и пред жителите на Македонија. Оваа пештера која ја знаат само малкумина е неоткриено богатство и целосно не искористена туристичка атракција, иако е прогласена за споменик на природата. Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот - таваницата на отворот е 30 метри висина.
с. Вевчани, Струга
Атарот на општинатa се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен, се до сртот на планината Јабланица. Почетоците на селото датираат од крајот на 6 век, кога словенското племе Березити (Брсјаци) го преплавува Струшкиот крај и ја населува локацијата на денешно село, југоисточно од планината. Името произлегува од чисто словенски збор „вес“ (село), односно за жителите на тоа село „селчани“, „весчани“.
Црква Св. Ѓорѓи - с. Горни Козјак, Штип
На просторот каде, според одредени научни претпоставки, некогаш постоела населбата Козјак, на десетина киломерти североисточно од градот Штип, во месноста Горни Козјак и во близина на археолошкиот локалитет Баргала, подигната е средновековната црква Св. Ѓорѓи.
Црква Св. Никола - с. Крупиште, Штип
На североисточниот излез од селото Крупиште, под патот Штип – Кочани, на десниот брег на Брегалница се наоѓа средновековна црква посветена на Свети Никола, а под неа се откриени остатоци од старохристијанска базилика.
Водопади на Ѓеневица
Од извориштето на околу 1400 m надморска височина, до утоката во Радика на околу 650 m надморска височина, реката Ѓеневица тече во должина од 8 km, низ ливади, шума и карпи, правејќи водопади и каскади. Највеличествен дел претставува најзиниот кањон, кој не е целосно пристапен, заради тешкиот терен.
Велешка куќа
Куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни била целосно реставрирана во 1962 година. Приземјето е изградено од камен, а на катот изграден од бондрук доминира белата фасада со дрвените опшиви. Покривот е висок и покриен со ќерамиди. Двокрилната дрвена врата води до тремот решен како мал простор кој ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзиниот под постои мала скривница. Чардакот на куќата, на едната страна е споен со фурната, а на спротивниот крај со скали води кон повисок чардак.
