User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Етно музика

Драган Даутовски

Роден е во 1957 година во село Русиново, беровско. Има дипломирано на Универзитетот `Св. Кирил и Методиј` во 1984 година, отсек музичка теорија.

Љубојна

Составот  Љубојна, кој најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос, го темели творештвото не само на сопственото слегување до `изворот`, туку и длабоко навлегува во она што се нарекува современа звуковност. Станува збор за македонска музика од 21-от век, со сета нејзина страст, ентузијазам и енергија. Елегантна музика со жесток ритмички пулс. Допирајќи се до различни музички стилови, втемелена врз македонскиот бит, музиката е изговорена како универзален музички јазик, според антрополошкиот и космополитски код кој го носи во себе.   

Синтезис

Македонската музичка етно група Синтезис е основана во 1995 година со цел да го сочува и унапреди богатиот македонски музички фолклор. Името си го одбраа за да го изразат концептот за кој се заложија и цврсто го негуваат – внимателно комбинирање на традиционалните звуци со современите аранжмански решенија создавајќи една синтеза која му обезбедува живот на минатото и и трасира пат на иднината. Нурнувајќи се длабоко во македонската фолклорна ризница, сериозно водејќи сметка за зачувување на традиционалните вредности и имањето посебен усет за создавање на современи високоестетски стилизации, оваа група може слободно да го понесе епитетот на освежувачи на македонската фолклорна традиција и нејзини чесни продолжувачи.

Баклава

Баклава е музички состав со минималистички музички концепт: звукот  го градат само еден женски вокал и два жичани и ударни народни инструменти -  тамбура и деф. Трет голем предизвик во музицирањето: едноставност и непретенциозност.


Syndicate content
  • English
  • Македонски