Цветан Стојановски
Fri, 07/02/2010 - 16:26
Цветан Стојановски - првенец на операта. Роден 1965 година во Битола каде го завршува средното музичко училиште во класата на професорот Пеце Митревски. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Милка Ефтимова. Специјализира во Загреб кај професорот Стојан Стојанов-Ганчев. Неговиот прв ангажман на сцената на МНТ датира од 1989 година, потоа следуваат настапи во Загреб, Осиек, Риека, Сплит, Унгарија.

Репертоар:
Каварадоси (Тоска)
Родолфо(Боеми)
Алфред Жермон (Травијата)
Неморино (Љубовен напиток)
Бан Вукмир (Бан Легет - од Иван Зајц)
Лоренцо (Истарска свадба) и др.
